Официјален Берлин денеска ги стави под надзор активностите на рускиот нафтен гигант „Роснефт“, компанијата што управува со многу рафинерии во Германија, со цел да се „обезбеди“ снабдување со енергија.

Филијалите на „Роснефт“ во Германија претставуваат 12 отсто од капацитетот за преработка на нафта во оваа земја.

Со нив сега ќе раководи националната Агенција за управување со енергетските мрежи.

Оваа мерка треба да биде „одговорот на ризиците што ја оптоваруваат безбедноста на снабдувањето со енергија во Германија“, соопшти Министерството за економија во Берлин.