Полицијата во Берлин наведува  дека тие би можеле да почнат да регрутираат вработени од странство, особено од други земји на Европската унија. Причината е недостиг на кандидати, јави ДПА.

– Потенцијалните кандидати од другите земји на ЕУ ќе добијат интензивна обука за германски јазик, изјави шефот на полицијата на Берлин, Барбара Словик

Таа рече дека регрутирањето доволно соодветни кандидати може да биде тешка задача, и дека полициската кариера треба да се направи поатрактивна.

Столик додаде дека сака повторно да види 19.000 вработени на улиците на Берлин. Според неа, тие сега се околу 17.000.