Познатиот пејач и ДиЏеј, ѕвезда на осумдесеттите, Бој Џорџ на својот Инстаграм профил ја објави веста дека починал Ник Кејмен, по многумина еден од најубавите мажи во светот.

Роден е како Ајвор Невил на 15 април 1962 година во Харлов, Есекс, Англија, а кариерата ја изгради под уметничкото име Ник Кејмен.

Кејмен беше ангилиски модел, текстописец и музичар. Најпознат по сингловите „Секогаш кога ќе ми го скршиш срцето„ од 1986 и „Си ветив себеси“ од 1990.