Откако СДСМ е на власт граѓаните се блокирани на секое поле, а поради неспособноста на власта единствено граѓаните страдаат, се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со соопштението од СДСМ и вчерашната владина одлука за издавањето на лични карти.

– А, со вчерашната одлука на Владата единствено миленикот на Заев, Оливер Спасовски е спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта. Миленикот на Зоран Заев, Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски. Откако Македонија е независна никогаш не се случило системот да не функционира, но со неспособноста на власта на Заев и тоа се случи. На 17-ти октомври ќе започне крајот на локалните шерифи, функционери од типот на Оливер Спасовски и Зоран Заев, се вели во реакцијата од опозициската партија.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ реагираше и на синоќешната одлука што ја донесе Владата:

– Вечерва со Одлука на Влада, Спасовски е навидум спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани што не им издале лична карта Вечерва со Одлука на Влада Оливер Спасовски е навидум само спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта. Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски, да учествуваат во правниот промет, да подигнат или да испратат пари во банка. Десетици илјади граѓани заради Оливер Спасовски беа оставени на маргините на системот. После 30 години откако Македонија е независна се случи системот да не функционира. Крах на системот немало ниту во транзицијата, ниту 2001 година. Оливер Спасовски и Зоран Заев ќе одговараат, а првата казна доаѓа во октомври. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.