Без плаќање во готовина ќе се патува од утре во автобусите од јавниот превоз во кавадаречката општина.

Од Јавното претпријатие „Градски превоз – Кавадарци“ информираа дека плаќање на билет во автобусите за градски и приградски превоз ќе се врши исклучиво со КА карта – персонализирана картичка со надополнување на кредит и со платежна картичка.

– До 31 декември оваа година, при секое купување на КА карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно – споделија од јавното претпријатие.

Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изјави за медиумите дека се зголемува користењето на јавниот превоз во општината.