Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Сопиште.

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Радишанска“ во близина на река Серава, улиците „46“, „48“, „50“, „52“ и околината, патот за село Љубанци и околината на игралиштето Радишани во општина Бутел.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „20“ и „22“ во село Волково, општина Ѓорче Петров, а во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од малите броеви на подулиците од „1“ до „30“ на дел од улицата „Тодор Чангов“ во населба Лисиче во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. „Марко Цепенко“ во општина Кисела Вода, во периодот од 09:30 до 13:30 часот корисниците од дел од село Патишка Река и викендиците во Патишка Река и фирмата ПЦЦ Хидро ДООЕЛ Скопје во општина Сопиште.