Дел од корисниците во Кисела Вода денеска ќе останат без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

„Од ЈП Водовод и Канализација, известени сме дека на 11 мај поради поврзување на водоводна мрежа на ул. Тодор Паница со ул. Јордан Филиповски, во периодот од 08 до 11 часот без вода ќе останат корисниците од улиците Тодор Паница и Јордан Филиповски“, се вели во информацијата.