БГНЕС: Петмина скијачи Македонци пропаднале во дол на Пирин, спасувачи ги извлекуваат

/ 13.01.2019

Петмина македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележани патеки на планината Пирин во Бугарија, пропаднале во дол и во тек е спасувачка акција за нивно извлекување од страната на Дамјанишка долина на Пирин, јавува агенцијата БГНЕС.

Сигналот за помош стигнал до Горската спасувачка служба во Банско, и според агенцијата, во 20 часот по локално време десет спасувачи ја почнале акцијата за извлекување на петтемина Македонци. Сите петмина, како што јавиле спасувачите, се во добра состојба и не се во опасност.


Од истата категорија