Спасувачката операција во Пирин заврши успешно. Петмината скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во провалија, се спасени, соопшти БГНЕС, повикувајќи се на информации на Планинската спасувачка служба.

Операцијата за спасување се одвиваше вечерва во Пирин во Дамјанишката долина.

Како што претходно јавија медиуми, сигналот за помош бил доставен до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 20.00 часот вечерва десет спасители ја извршуваа акцијата за спасување на луѓето во планината.

Сите пет македонски државјани се во добра состојба.