Лидерите на Франција и Германија водат уште една рунда телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-Би-Си.

Тие претходно се слушнаа во четвртокот, кога францускиот претседателот Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа итен прекин на огнот од Русија.

Москва ги отфрли таквите барања.

Макрон за време на кризата ја истакна потребата да се држат отворени каналите за комуникација со Русија и досега имаше девет телефонски разговори со Путин, потсетува Би-Би-Си.