Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнево во „Студио 10“ на ТВ 24, рече дека зголемувањето на цената на електрична енергија за 2022 за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде поголема од 10 отсто, наспроти тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши дека нема да биде поголема од тој процент.

„Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година. Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот.

За РКЕ се неприфатливи драстични ценовни шокови, затоа што ќе имаме проблеми со наплатата. Во време на криза треба сите да сме солидарни, да се подготвиме за една тешка година. Се уште немаме конкретна проценка колку ќе се покачи цената на струјата. Министерот рече дека ќе е под 10%, други велат 70% – во непријатна ситуација сме затоа што многумина кажуваат за цената, а РКЕ ќе ја понесе на крај одговорноста.