Актуелната владејачка гарнитура, која пред доаѓањето на власт, како опозиција на чело со тогашниот лидер Зоран Заев ветуваше изградба на илјада километри автопати низ Македонија, но зад себе досега има два мандата, два одржани конгреси за патишта, еден чочек за готов автопат од „режимот на Груевски“ и ниту еден изграден.
Завршувањето на автопатот од Кичево за Охрид, кој во поодмината фаза претходната го остави да го доизгради актуелната власт, со години се пролонгира. Со години трае и обновувањето на делница од неколку километри од автопатот меѓу Скопје и Катланово. Ветен беше и автопат од Скопје кон Блаце, чија изградба почнуваше само за кратко и без продолжение.
Но, власта од 2019 досега бележи „успешни настапи“ на два успешни конгреса за патишта.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе се обратат на отворањето на Вториот македонски конгрес за патишта 2022.
Вториот македонски конгрес за патишта ќе се одржува денеска и утре во чест на големиот јубилеј, 55 година од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија.
Во прилог на Конгресот, како што е објавено на официјалната веб-страница, е и големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура кој се одвива во Република Северна Македонија во висина од преку 1 милијарда евра, изразена преку изградба на автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.
Теми на претстојниот втор македонски конгрес за патишта се – планирање и проектирање, управување, изградба и одржување, безбедност на сообраќајот на патиштата, заштита на животната средина и одржлив развој, инфраструктурни објекти, транспортна политика и финансирање, ITS и нови технологии во сообраќајот, слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти…
На Првиот македонски конгрес за патишта во 2019 година имаше повеќе од 350 учесници од 16 земји во Европа, со повеќе од 60 научни трудови.