СДСМ има јасни визии и има економска понуда, секако дека има грешки, и тоа е човечки, но човек што работи и греши. Се што ветивме, испорачавме. За разлика од нас ДПМНЕ кои 11 години ја заробија државата немаат ниту план, ниту идеја, освен да сеат лаги и страв кај граѓаните, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интревју за Телевизија 24.

Тој потенцираше дека да не беа кризите, од економски и од секаков план резултатите ќе беа многу подобри, но кризата е нешто што никој не ја предвиде ниту пак можеше да ја контролира.

-Во 2016 година само 18 проценти од државата  беше покриена со канализациона мрежа, а сега е 46 проценти. Или водоводот, имаме пречистителни станици и во најдалечните места. Во однос на платите и пензиите, секаде се двојно покачени. Не се случи ниту апокалипса, нити останавме без струја и храна, како што заплашуваа ДПМНЕ. Но, има уште многу добри работи кои треба да се направат. Мене навистина многу ме боли, а тоа пристапот на лицата со посебни потреби до јавните институции, рековме дека мора биде еднаш засекогаш целосно да биде пристапно, но кога ќе те фатат сите овие кризи мораш сите средства да ги насочиш на друго место и едноставно не останува доволно средства за тоа. Ние мораме како општество и како политички партии за вакви работи да зборуваме и да ги решаваме во интерес на граѓаните, потенцираше Битиќи.

Скромноста е одлика на СДСМ и верувам дека она што правиме луѓето го препознаваат. Иднината на оваа земја е владеење на право и  функционирање на институциите, а не паралелни системи, кој ги гледаме кај ДПМНЕ и лидерот на опозиција, Христијан Мицковски. Тој викаше дека не работат телефоните за закажување на пасош и за тоа е крив СДСМ, ама тој закажал термин. Е како го закажал терминот ако не работат телефоните? Значи имало посебен список за нив и тоа го прави техничкиот министер, што доволно зборува какви се ДПМНЕ кога се на власт, рече рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи.

-Слепилото кое што настанува кај ДПМНЕ за да дојде на власт нема мерило. Само што дојде министерот, рече дека имале 50. 000 фиктивни јавувања и термини, и првото прашање што јас го поставувам и би го поставил секој, како одеднаш ги фатиле тие 50. 000 фиктивни термини? Дали можеби тие 50 илјади фиктивни термини не се нивна заслуга и тоа е инструирано, за да падне целиот систем. Некој вртел цело време, намерно, а последицата од тоа е пад на системот. Значи, некој сака да направи атак на системот, и кога тој истиот ќе дојде на власт, да рече еве ја сум магионичарот, рече Битиќи.
Тој потенцираше дека и за обрасците за пасош повторно се политичките игри на ДПМНЕ и дека не е вистина дека немало доволно обрасци.

-Не е вистина дека немало доволно обрасци. Има една многу интересна работа, во 7.30 се затвораат пунктовите за сликање. Ама, имало друг список во 7.45 за сликање каде доаѓаат и се редат од 7.45 до 9  навечер, тоа е другиот список, оној сваровски список. Ова го кажувам јавно, затоа што во ДПМНЕ и да се променети луѓето, манирите им се исти. Затоа и ќе бранам се што сум направил, се што моите колеги имаат направено, се што СДСМ има направено затоа што сме далеку подобри и повеќе си ја сакаме оваа држава од оваа група на луѓе која се обидува да дојде на власт. “, рече Битиќи.

Ние мора да сфатиме дека треба да се однесуваме разумно, независно дали си на власт или опозиција. Но, кај ДПМНЕ нема ни план ни разум. Па тоа јасно се виде и во последното случување со обезбедувањето на Христијан Мицковски.

-Во изминативе 7 години додека сме ние на власт немаше ниту еден меѓуетнички инцидент во Скопје. А. За 20 дена колку што е техничкиот министер на власт, во Скопје има два инциденти, во автобуски линии и тоа и политички и етнички инциденти. Па моето обезбедување, а и на сите министри од СДСМ не се ни гледа кога ние се движиме. Пред неполни три недели, Мицковски рече ќе биде хорор со техничката влада. За што хорор,за  моето или за неговото дете, за граѓаните ли? Па ние не сме во војна за да има хорор. Ние сме тука да изградиме општество“, рече Битиќи.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста