Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се вклучува во борбата против коронавирусот, соопштија од болницата.

– Во ситуација на алертна состојба со вирусот Ковид 19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1.000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни. Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу вас. Нашата грижа за вашето здравје продолжува, се вели во соопштението од оваа приватна здравствена установа.

Инаку во јавното здравство во Македонија има вкпуно 8 респиратори и без малку 2.000 службени автомобили.