До 13:00 часот, денеска, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во: Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација); општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат); Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва); Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума); Општина Прилеп: над Касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација); Општина Прилеп: кај Старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација) и во Општина Охрид: с. Велмеј – с. Брежани (ѓубре и ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во Општина Делчево каде гори депонија (ѓубре); во општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица (Општина Зелениково) каде е зафатена мешана шума и во Општина Пласница: с. Дворци  каде гори депонија.

Изгаснат е пожарот во Општина Струмица: с. Банско на дива депонија.

Фото: Архива