Бившата обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, ќе се бори за шефица на Вишото обвинителство во Скопје со нејзините колеги Бурим Рустеми и Мустафа Хајрулахи.

Како што објави А1он, Фетаи и Рустеми се првите двајца кои поднеле кандидатура, додека третиот е Хајрулахи, актуелен шеф на оваа институција, кој ќе бара нов мандат.

Сите торојца ги доставиле потребните документи и биографии до Советот на јавни обвинители, потврдува за А1он претседателот Антонио Јолески. Огласот е затворен, а апликациите се разгледуваат, по што со гласање на јавна седница ќе се избере нов шеф на ова обвинителство.

Рустеми и Фетаи конкурираат за шефовската позиција по една година откако беа избрани за обвинители во скопското Вишо обвинителство, а Хајрулахи беше избран за шеф во 2018 година.

Фетаи како обвинителка има стаѓ од 8 години, првпат е избрана во 2011 за обвинителка во ОЈО Скопје, а по основањето на СЈО, стана дел од тимот на Катица Јанева, која сега е во затвор.

По распадот на СЈО Фатиме Фетаи се врати во матичното скопско обвинителство, а стана позната во јавноста по силната медиумска пропаганда со која беше следено СЈО, особено трите јавни обвинителки Јанева, Фетаи и Ленче Ристоска.фатиме