Твитерџијата со псевдоним Емпти Персона објави фотографија и коментар за уште еден реализиран проект на локалната власт во вториот град по големина во Македонија, во конзулска Битола.

Неговиот коментар е со еден збор: Мизерија!

А коментарот на корисникот Диме, за истиот „проект“, односно бојадисан пешачки премин, и фотографијата со наслов „Пред и потоа“ е следниов:

– За три дена и ќерамидите избледеле, а и тревата ја снемало, коментира тој.

Погледнете ја битолската шминка на фотографијата „Пред и потоа“ и колку се посјајни ќерамидите на куќата, а и тревата околу, откако ја бојадисале зебрата.