Бившата специјална јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на списокот со осуденици кои чекаат да бидат помилувани од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Оваа информација за Плусинфо неофицијално ја потврдија два независни извора од Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот, кои на порталот му посочиле дека последната седница на Комисијата, на која се расправало за Јанева, била одржана пред една недела.

– Точно е дека осуденичката Катица Јанева поднела барање за помилување. Нејзината молба пристигна во Комисијата за помилување и таа беше разгледувана пред една недела. Молбата помина, нова седница немаме закажано, па конечната одлука треба да ја донесе претседателот Пендаровски, изјавиле изворите на Плусинфо во Комисијата.

Јанева е осудена на 7-годишна затворска казна во аферата Рекет. Казната ја одлежува во скопскиот затвор Идризово како библиотекарка во затворската библиотека.

Бившата СЈО максимално ги користи затвореничките привилегии во поглед на излегувања од затворот за викенди за што поевќепати е пишувано.