Вицепремиерот за Рамковниот договор, Хазби Лика со новиот Закон за координација станува разузнавач, односно добива место во Советот за координација на разузнавачката заедница. На позицијата Лика седнува за 30 дена, објави Телма.

Во Законот за координација кој денеска го потпиша претседателот Стево Пендаровски стои одредба дека вицепремиерот задолжен за Рамковниот ќе биде еден од осумте члена на советот кој оперативно ќе ги води разузнавачките активности.

За ова решение гласале сите 91 пратеник на седницата минатата среда иако истите пратеници уште во март гласаа за укинување на Секретаријат за рамковен договор и замена со ново министерство за политички систем.