Големи се шансите косовското прашање да биде решено до крајот на оваа година, а се би требало да се случи во текот на средбата меѓу Доналд Трамп и Влаидмир Путин во Хелсинки овој месец, наведува српски Блиц повикувајќи се на анонимен дипломатски извор.
Како што дознава Блиц, средбата Трамп-Путин е голема надеж и на српскиот државен врв, пред се на Александар Вучиќ. Белград смета дека по многуте неуспешни обиди на Брисел да се постигне договор меѓу Белград и Приштина, целата работа може да се среди единствено со помош на лидерите на САД и Русија.
„Европа нема ни волја ни сила да ги натера Албанците да направат нешто. Затоа, идејата е за ова суштинско прашање, за нас да се договорат Трамп и Путин, а потоа решението Европа да го прифати како конечно. Сите очи се вперени кон Хелсинки и 16 јули“, навел соговорникот на Блиц.
Според весникот, двајцата претседатели за Косово ќе имаат една минута, односно толку време колку што е потребно да се разменат неколку реченици, но и тоа е доволно да се откочат работите и потоа, до крајот на годината да се дојде до решение.
„Трамп и Путин до крајот на годинта ќе решат за Косово и Метохија. Тоа е сериозна шанса. Џабе се опцииите што ги нуди Брисел кога никој не ги прифаќа“, рекол соговорникот на Блиц.
Како што дознава Блиц, Вучиќ минатата недела веќче разговарал за ова со Џон Болтон, советникот на Трамп за национална безбедност, кој пред некој ден беше во Москва на подготвки за средбата.
„Вучиќ од Болтон побара помошп за решавање на косовското прашање“, рекол соговоникот на Блиц.