Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изрази надеж дека успешната украинска контраофанзива против руските сили би можела да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да преговара за мир.
– Успешната контраофанзива може да направи две работи: да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса и да го натера Путин конечно да преговара за крај на оваа војна што тој ја започна, изјави Блинкен на заедничката прес конференција со неговиот италијански колега Антонио Тајани.
– Во таа смисла, може да го доближи мирот, а не да го оддалечи, додаде тој на прес-конференцијата.
Американскиот државен секретар изрази уверување дека украинските сили ќе постигнат напредок бидејќи Киев вчера објави дека вратил неколкусела во источниот регион Доњецк – прва територијална добивка постигната по „контраофанзивата“ спомената претходниот ден од претседателот Володимир Зеленски.
Но, „се уште е рано“ да се каже како ќе се развиваат настаните, додаде дипломатот.