Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре ќе го посети Израел во знак на „солидарност и поддршка“ од администрацијата на Бајден по терористичките напади на Хамас врз еврејската држава, изјави портпаролот на Стејт департментот, Мет Милер.

„Блинкен ќе се сретне со највисоките израелски претставници; ќе го повтори своето сочувство за жртвите на терористичките напади врз Израел и најстрого ќе ги осуди тие напади; ќе ја потврди солидарноста на САД со владата и народот на Израел и ќе разговара за мерките за зајакнување на безбедноста на Израел, како и непоколебливата поддршка на САД за правото на Израел да се брани“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Блинкен в петок ќе биде во посета на Јордан.