Сестричките Ени Џо и Ефи Роуз од САД ќе слават родендени на различен ден, во различен месец и во различна година.

Тие се родија во период од само неколку минути, но сепак, едната е постара од другата сестричка една година.

Нивната мајка Кали Џо Скот од Калифорнија се породи во новогодишната ноќ, првото девојче го роди на 31 декември 2022 година во 23 часот и 55 минути, а второто на 1 јануари 2023 година, само една минута по полноќ.

Родителите биле возбудени поради тоа што нивните ќерки ќе имаат различни родендени, бидејќи тоа ретко се случува кај близнаци.

– Секогаш сакате да се потрудите тие да имаат свој индивидуален карактер и да направите да знаат дека се посебни и уникатни. Така, ова се додава како плус на таа посебност и уникатност што некои близнаци можеби не ја добиваат, велат среќните родители на близначките.