Турските трупи почнаа да преминуваат во североисточна Сирија за да ги принудат курдските милитанти, кои ја контролираат граничната област, да се повлечат, изјави турски официјален претставник за „Блумберг“.
Мала група на турски сили рано денеска влезе во Сирија на два пункта долж границата, во близина на сириските градови Тал Абјад и Рас ал-Аин, во рамките на подготовките за пошироката офанзива, истакна неименуваниот официјалниот претставник.
Засега нема коментар од курдските сили, кои претходно ветија на телевизиска прес-конференција од северниот град Хасаке, дека ќе се бранат од каква било турска офанзива.