Древна цивизлизација на територијата на денешен Јордан ја уништил метеор.

Научници од американскиот Југозападен универзитет „Света тројца“ со анализа на карпите околу градот Тел-ел-Хамам, утврдиле дела поради високите темератури кои при тоа се создале, дошло до моментална кристализација на минералите.

Пред околу 3 700 години, над територијата на денешен Јордан експлодирал метеор кој разорил најмалку пет градови и преку 100 други населби.

Сајтот „Сајнс њус“ пак пишува дека меѓу уништените градови се и Содома и Гомора, а метеорот и двата ги претворил во пепел.

На местата на уништените пет градови и 100 населби луѓето живееле со илјадници години пред тоа, а после ударот на метеорот просторите останале ненаселени во наредните 600-700 години.

Библијата вели дека на местата на кои се случил ударот, се наоѓале градовите Содома и Гомора кои биле уништени од Бог заради непростивите гревови на нивните жители.