„Доколку некој му побарал мито на господинот Стојменов и има докази за тоа, наместо медиумски, Општина Центар го охрабрува случајот да го пријави во Основното јавно обвинителство, кое е надлежно да постапува за предмети од таа проблематика. Од Борис Стојменов бараме јавно извинување за изнесените тенденциозни тврдења за општината и градоначалникот Богдановиќ, во спротивно на истиот ќе му бидат поднесени соодветни пријави, вели Саша Богданвиќ, градоначалник на општина Центар.

Изјавата доаѓа по обвинувањата изнесени од Борис Стојменов, поранешен министер за финансии и татко на сопственикот на ТВ Канал 5, дека не може да гради во центарот на градот затоа што од општина Центар му бараат еден милион евра мито.

Богадновиќ денеска објаснуваше:

„Овластен градежен инспектор на општина Центар денеска констатира дека инвеститорот не го почитува решението од 26 февруари за отстранување на градбата, деловен простор, објект од втора категорија со димензии 61м x 34,50 м, кој се гради од армиранобетонска конструкција. На градилиштето има знак за забрана за градба,

Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја отстранил градбата и затоа, на 28 април овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот“.