За да престанат сите шпекулации и бројните повици од медиумите, ја информирам јавноста дека е точно дека бев жртва на тешка кражба и провала во мојот дом во Скопје, која се случила во раните утрински часови денеска, информираше Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

-Точно е и дека во моментот на настанот се наоѓав во Белград. Поради интерес на истрагата, во овој момент не можам да давам дополнителни изјави, коментари или информации поврзани со случајот. Во моментов сум на пат за Скопје и ве замолувам да ја почитувате мојата одлука и приватност и да им дозволиме на надлежните органи професионално и непречено даја завршат својата работа. Ви благодарам на разбирањето, напиша тој.




