„По која логика Орце Камчев мене ќе ми дава милион евра на 20 февруари 2019 година, кога пред тоа со трас-трас судство ги носат тоа начелно правно мислење и ја завршуваат работата?”, запраша на денешното рочиште Бојан Јовановски, алудирајќи на начелното правно мислење на Врховниот суд според кое СЈО не може да го води предметот „Имеприја“ сметајќи дека е по истекот на рокот во кој беше предвидено дека е можно да отвораат истраги.
Во еден дел од завршните зборови во „Рекет”, обвинетиот Бојан Јовановски кажа дека пријавителот Орце Камчев може дал милион евра, ама не на него.
„Може дал милион, па и милион ипол евра, но не на мене, Бојан Јовановски. Може дал за она трас-трас судство, за да се донесе начелното правно мислење за да запрат сите истраги, на чело со ‘Империја’ кај што е Камчев првоосомничен”, кажа Боки 13.
Потоа праша: „По која логика Орце Камчев мене ќе ми дава милион евра на 20 февруари 2019 година, кога пред тоа со трас-трас судство ги носат тоа начелно правно мислење и ја завршуваат работата?”.
Врховниот суд на 30 јануари 2019 донесе начелно правно мислење дека СЈО не е овластен тужител за предметите за кои нема поднесено обвинение до 30 јуни 2017, вклучувајќи ја и „Империја“.
Боки 13 жали што Русковска не го вештачела неговиот мобилен телефон кај што имал снимки од Камчев како се фали дека бил Ким Џонг Ун од Бугарија и како ќе паѓа крв во Македонија.
„Како што одеше по средби Милевски снимаше. Служеше за предизбори. Одеше слободниот граѓанин Зоран Милески кај Мицкоски, го снимаше. Одеше кај Заев, го снимаше. Ова има врска со ликот и делото на Милески кој да го прашате сега, не знае што признал”, тврди уште еднаш Боки како бил наместен да зборува за СЈО, за Јанева и за „Империја” со која бил засегнат Камчев.