Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој е во бегство поседува „бомби“ (прислушувани разговори) за раководството на ДУИ, а тие „бомби“ му се дадени токму од поранешниот премиер Зоран Заев, тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини.

„Бандата, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е терор за поранешните и сегашните партиски функционери. Овој разумен страв произлегува од тоа што еднаш, во времето на бомбите, сите прислушувани разговори на ДУИ, вклучително и на Али, Заев му ги предаде на Артан. Како што е познато, од стотиците објавени закани за бомби, и покрај предупредувањата, не беа пронајдени бомби за челниците на ДУИ, иако сите тврдат дека ги има во изобилство, а добро се чуваат во приватниот сеф на Артан Груби. Со нив може да уценува, да влева страв и да диригира со своите кадри“, пишува Хајредини.

Во нова објава, Хајредини посочува дека само со враќањето на Груби ќе може да се почне со расчстување на криминалот и корупцијата.

„Само со враќањето на Груби од егзил може да започне демонтажата на првата линија на одбраната против епидемијата на криминал и корупција која долги години е неказнета“, напиша Хајредини.