Лекари во државата Њујорк почнале да им даваат на своите критични пациенти заразени со Ковид 19 високи дози на витмаин Ц, стратегија која им помогнала на пацинетѕи во Кина, пред се во Болницата во Шангај.

Д-р Едрју Вебер, пулмолог од Лонг Ајланд и специјалист на интензивна нега во Нортвелт Хелт, споделил дека на пациентите на интензивна почнал интравенозно да им се дава по 1,5 грам Ц витамин четири пати на ден, што значи вкупно шест грама дневно, пишува Њујорк Пост, а пренесува Дејли Меил.

Портпаролот на болницата рекол дека било одлучено да се дозволат високите дози на витамин Ц кај критичните пациенти.

Д-р Ендрју Вебер

Се напоменува дека не станува збор за посебен третман, односно дека пациентите ја примаат регуларната терапија, а дека витаминот Ц се користи како помошно средство. Болницата решила да го дозволи тоа откако беше споделено искуството на од болницата во Шангај каде на пациентите заразени од Ковид 19 им биле давани уште поголеми дози, над 10грама дневно.

Д-р Ричард Ченг го сподели искуството со светот истакнувајќи ги сознанијата на тимот на д-р Мао од Шангај велејќи дека на пациентите со средна клиничка слика заразени со Ковид 19 им биле давани 10 грама дневно, а на тие со тешка клиничка слика им биле даванаи 20 грама дневно витамин Ц.

Се утврдило дека од педесет случаи со умерена до тешка клиничка слика на болеста, никој не починал, а времетраењето на нивното закрепнување било пократко за три до пет дена во споредба со другите пациенти. Во еден случај, на пациент со исклучителна тешка клиничка слика му биле давани 50 мг витамин Ц во период од четири часа. Пациентот подоцна закрепнал и бил отпуштен од болницата.

Еден од проблемките за кој д-р Ченг зборува е и хиперкоагулацијата која се јавува кај пациените заболени од вирусот која ги запушува крвните садови при што високите дози на витамин Ц и тука се покажале како ефикасни.

Инаку, д-р Ченг истакнува дека секој ден зема по 5 до 10 грама витамин Ц и дека според него, нема несакани ефекти.