Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Македонија во ЕУ процесот.

Западниот Балкан за прв пат после две години денеска се најде на агендата на министрите за надворешни работи, соопшти Борел и додаде дека нема да дозволи да поминат повторно две години без да се дебатира за регионот – клучен за Европската Унија.

Во воведниот говор тој се осврна на Македонија откако се појавија бројни шпекулации дека Скопје и Тирана би можеле да бидат одвоени доколку не се отстрани ветото на Бугарија.

-Имаше согласност во Советот денес дека е потребно забрзување на процесот на реформи поврзани за ЕУ во регионот, сакаме исто така да се забрза процесот на приклучување кон и немаме намера да ги одвојуваме … Македонија и Албанија, изјави шефот на европската дипломатија по состанокот со 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

Борел нагласи исто така дека Европската Унија е загрижена поради изјавите за одвојување на Скопје и Тирана и дека ставот во Советот не е променет по ова прашање.

На прашање на МИА дали блокадата за … Македонија ги декредибилизира обидите на ЕУ да биде попристуна на Западен Балкан, Борел одговори дека двете страни треба итно да изнајдат заеднички прифатливо решение.

-Имавме разговор за ова денес, ја слушнавме Бугарија и ги охрабруваме двете страни итно да изнајдат заеднички прифатливо решение.