Денеска на социјалните мрежи се врти графички приказ за воведувањето на родител 1 и родител 2 на учениците, наместо мајка и татко.

На ова има многу реакции од незадоволни граѓани. Една од нив е и на универзитетската професорка д-р Тања Каракамишева, која во нејзината објава на Фејсбук напиша:

– Не прифаќам да бидам НИШТО ДРУГО освен МАЈКА на моите деца. А ти @mila_carovska може да се напишеш и родител 10 ако сакаш!- коментира Каракамишева.

Бројни се и други слични коментари и реакции од незадоволни родители.