Освојувачот на Европскиот куп на ЕХФ, екипата на ГРК Охрид официјално потврди дека ја продолжува соработката со тренерот Борис Ројевиќ.
Ројевиќ го водеше Охрид до првиот европски трофеј, а во Суперлигата стигна до третото место. За новата сезона очекувањата беа дека ќе добијат „вајлд-карта“ за Европската лига на ЕХФ, меѓутоа тоа не се исполни.
И покрај тоа, тимот е обновен, пристигнаа капитални засилувања и делува дека Охрид ќе биде сериозен фактор во новата сезона.
На обострано задоволство соработката меѓу Ројевиќ и клубот е продолжена. Тој стави потпис на нов договор до 2029 година.




