Премиерот на Бугарија Бојко Борисов денеска во Пловдив зборувајќи на економскиот форум го спореди Гоце Делчев со Ернесто Че Гевара.
Борисов рече дека Делчев е цел на коментари, што како што рече, било жално.
– Затоа што тој е еден бугарски херој, кој сакал, кој се жртвувал, кој вложил се што има за слободата на Македонија. На истиот начин, еден Че Гевара, кој по националност е Аргентинец отишол да војува за слободата на Куба, рече Борисов.
Бугарскиот премиер, кој е близок пријател со Зоран Заев, изрази надеж дека со колегите, како што рече, од С. Македонија во Комисија за историјата, најбрзо што може, ќе се усвојат неопходните заклучоци, за да можело да се почитува Договорот за добрососедство и да продолжеле да ја поддржуваат Македонија за членството не само во НАТО, туку и во ЕУ.