Група поддржувачи на лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо денеска ја окупираа зградата на Амбасадата на Венецуела во Бразилија, главниот град на Бразил.

Неименуван функционер од администрацијата на  венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека група од околу 20 лица насилно ја нападнале упаднале во Амбасадата.

Од друга страна, претставник на Венецуела во Бразил, назначен од Гуаидо изјави дека вработените во амбасадата ја отвориле портата и ги пуштиле приврзаниците на опозициските водачи да влезат.

Бразил и повеќе од 50 други земји го признаваат Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела.