Британскиот премиер Борис Џонсон верува дека неговиот нов договор за Брегзит ќе може да биде ратификуван до 31 октомври, кога е планиран излез на Велика Британија од ЕУ.
Тој, исто така, се надева и дека договорот в сабота ќе ја добие потребната поддршка од Парламентот.
Според Џонсон, Британија и ЕУ денеска постигнаа договор, со кој ќе се овозможи излез на земјата на уреден начин.