Францускиот напаѓач Набил Фекир (28) е на списокот желби на премиерлигашот Њукасл, кој претходно овој месец мина во рацете на инвестициски фонд од Саудиска Арабија за сума од 305 милиони фунти.

Британските медиуми пренесуваат дека преговорите за трансфер на Фекир од Бетис во Њукасл веќе се почнати, а англискиот клуб е подготвен да плати 20 милиони евра.

Голем интерес за Фекир во 2018 година пројави и Ливерпул, но Французинот мина од Лион во шпанскиот прволигаш за 19 милини евра.

Фекир има 25 настапи за француската репрезентација.