Британскиот армиски офицер Пол Карни апелираше до британските војници да разговараат со своите семејства поради потенцијалното воено распоредување на војската.

Карни изјави дека британските трупи мора да бидат подготвени за борба против Русија, а за тоа треба да ги подготват и своите семејства за возможноста од поголемо и проширено распоредување на војниците. Неодамна новиот шеф на Генералштабот на Обединетото Кралство, генерал Патрик Сандерс рече дека британските сили мора да станат способни да ја поразат Русија во битка.

Во последното издание на британскиот армиски весник „Војник“ Карни изјави дека армијата се подготвува за соочување со заканата од Русија и дека ќе биде спремна со соодветна опрема да ја одигра улогата во одвраќањето на идната војна во Европа.

– Сакам сите да провериме дали сме физички подготвени за воени операции. Исто така важно е да ги подготвиме нашите сакани и семејствата кои често ја имаат најтешката улога за време на нашето отсуство. Од вас барам да разговарате со нив за можното распоредување на терен бидејќи веројатно би биле надвор од контакт подолг период, додаде Карни.

Предупредувањето во јуни на новиот британски началник на Генералштабот, генерал Патрик Сандерс, сугерира дека Армијата ја гледа Русија како нејзин голем противник.

– Сега постои горлив потреба да се формира армија способна да се бори заедно со нашите сојузници и да ја победи Русија во битка. Ние сме генерацијата што мора да ја подготви Армијата уште еднаш да се бори во Европа, напиша генералот Сандерс во јуни.

Велика Британија досега и даде на Украина 2,3 милијарди фунти (2,7 милијарди долари) воена помош од почетокот на руската воена операција во февруари.

Британските сили во моментов обучуваат украински регрути во ОК, а нејзините разузнавачки агенции наводно споделуваат информации со нивните украински колеги.

Велика Британија е членка на НАТО алијансата и во случај да се вклучи во отворена војна со Русија, другите 29 земји-членки на блокот, вклучително и САД, ќе бидат обврзани да влезат во конфликтот.

(М.П.)