САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.

-САД ја поздравуваат дискусијата во С. Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, порача Брнз.

Пораката ја испрати вечерва на Фејсбук страницата на американската Амбасада.

-Долго време ја поддржуваме иднината на С. Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, истакна Брнз.