За шест години ќе има воз меѓу Скопје и Софија, вели Владо Бучковски, главниот преговарач со Бугарија во име на Владата на Зоран Заев.
– С. Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Тоа ќе биде изразено во дипломатска нота, а Скопје нема намера да се меша во внатрешните работи на Софија, вели Бучковски.
Како што пренесува порталот Фактор, Бучковски ветува дека „за шест години ќе има воз меѓу двата главни града, додавајќи дека Македонија ќе добие 200 милиони евра за изградба на делницата до границата со Бугарија.
– Национализмот вирее на Западен Балкан и тоа мораме да го спречиме, порачува Бучковски.
За спорот меѓу Македонија и Бугарија вели дека повеќе не е само билатерален, туку и регионален, бидејќи опфатена е и Албанија. И додава дека „Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ, само ако Бугарија го тргне ветото“.