Од 19 министри во Владата 10 се Албанци вели, а тоа може да создаде проблеми во вкупните меѓуетнички односи во државата, изјави претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

– Се плашам тоа да не има рефлексија на вкупните односи на меѓуетнички план. Не сум сигурен околу ова прашање и мислам дека таа формумла која е дефинирана во Охридскиот рамковен договор треба да се инкорпорира во Владата. Кога некој од ДУИ работи во некоја институција тие инсистираат 25 отсто да бидат вклучени Албанци, а таму каде што раководи ДУИ, таму вработените најголем дел се Албанци, многу повеќе од она што го предвидува рамковниот договор, изјави Трајанов за ТВ Сител.

Тој додаде дека „обидот да се направи вештачки баланс со воведување на нови министерства без ресор мислам дека нема помине кај граѓаните“.

– Алтернатива бара некаква амнестија и тука не смее да стане збор. „Диво насеље“ е терористички акт, а „Монструм“ двапати се судеше, потенцира Трајанов.

Трајанов смета дека би дошло до нарушување на односите, поради тоа што би имало 3 потпретседатели на Владата и 7 министри од албанска националност.

-Владата не треба да биде фактор на дестабилизација. Повеќе министерства без ресор е несоодветен, вештачки потег, рече Трајанов.