По повод празникот на големиот Светител Климент Охридски, патронот Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во Соборниот храм во Скопје, посветен нему, вечер со почеток во 17:30 часот ќе се одржи свечена празнична богослужба, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а ќе служи епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со клирици од Скопската епархија и свештенислужители од Бигорскиот манастир.

Утревечер, пак, на самиот празничен ден, 8 декември, во 9.00 часот, Света Божествена Литургија ќе служи митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот Антаниски, г. Партениј, како и бројни свештенослужители на МПЦ-ОА.

– На самото празнување, за радост и благослов на верниот народ, за поклонение ќе бидат изнесени светите мошти на светителот Климент Охридски, наведуваат од МПЦ-ОА.

Воедно, апелираат до верниците да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, односно задолжително носење на маски и држење социјална дистанца.