Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи, се вели во реакцијата од нашето МНР

Министерството за надворешни работи на Бугарија предмалку на Твитер упати честитки до граѓаните на Македонија по повод државниот празник – 2 Август.