Утрово во Луксембург се собраа министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, првпат со физичко присуство по олеснувањето на анти-ковид мерките, но сепак Бугарија не попушта за Македонија во однос на стартот на пристапните преговори.
МИА, повикувајќи се на дипломатски извори на ЕУ, пишува дека на средбата Бугарија одбила да попушти, и покрај предупредувањата од земјите-членки дека со оваа блокада „ЕУ сама си пука во нога“.

Според истите извори, најупорна е Германија, која покажа силна заложба за Македонија да ги почне преговорите. Пред средбата, германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот, рекол дека е неприфатливо билатералните проблеми да попречуваат важни одлуки, како што е стартот на преговорите.

Но, ова е стара приказна која ја слушавме 30 години бидејќи исто толку време и Грција ја попречуваше Македонија на секое поле поради билатерален проблем што таа го измисли, за на крајот Македонија да биде принудена на криминален начин да ја смени власта, а птоа и името. ПШатем, Рот не реагираше и на фактот дека Македонија на референдум одби да го смени името, па тоа не и порпечи ан Гермнија да го поддржи тој процес која сега и дава право ан Бугарија да се однесува исто како и Грција.