Елена Иванова (73) е Бугарката која настрада во пожарите во Грција, но за среќа е жива и сега е на лекување од изгорениците.
„Ми замириса на дим, но не можев да дишам. Излегов, видов дека има оган по патот. Гореа автомобилите, грмеше. Немате претстава како беше. И во војна сигурно не е така“, раскажала жената
„Зет ми ми се јави и ми рече да ползам по земјата, но земјата беше оган. Ветрот ги дуваше пламените јазици и од едната и од другата страна. Видов еден човек со автомобил, ја отворив врата и влегов внатре. Го замолив да одиме крај морето“, додала Иванова.
Крај морето имало луѓе кои и помогнале. Така се спасила.
Најмалку 74 лица се загинати во пожарите на Атика кои избувнаа вчера. Најмалку 187 од кои 23 деца се ранети. Цели фамилии се најдени мртви, прегрнати кога сфатиле дека нема спас, нешто слично на јагленосаните, па скаменети луѓе кои загинале во Помпеа по ерупцијата на Везув.
Бројот на исчезнати е непознат.
Бројот на загинати го надминува бројот при еден од најжестоките пожари во 2007 година кога загина 70 лица.
Грчкиот премир Ципрас објави три дневна жалост.
Македонскаа влада упати помош од шест милиони денари, а градот Скопје од еден милион.