Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Москва ќе одговори доколку Шведска и Финска станат членки на НАТО.

Тој наведе дека доколку Шведска и Финска станат членки на Северноатлантската алијанса тоа би ја намалило глобалната безбедност.

Рускиот министер за одбрана наведе и дека средбата помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп би можел да доведе до посилна воена соработка помеѓу Москва и Вашингтон како и земјите членки на НАТО.