Минерална вода и книги од автори како Симеон Радев и браќата Миладиновци раздаваше денеска Виктор Стојанов од Фондацијата “Македонија” на тие што чекаа пред Дирекцијата на “Булгарско граѓанство” во Софија, пренесува бугарскиот весник „Труд“ на неговиот портал.
Опашката од кандидати кои чекаат да подадат документи одново се изви пред службата на Министерството на правда на ул. “Аксаков”, бидејќи досега поради ковид-ограничувањата институцијата долго време не примаше документи на кандидати, вели „Труд“.
Големиот дел од луѓето во редот се граѓани на Македонија, кои, како што вели „Труд“ со „автентични документи докажуваат дека имаат бугарски корен“ и сакаат да добијат пасош и граѓанство на Бугарија.