Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева утре доаѓа во еднодневна посета на Струмица, соопшти бугарското МНР.
Захариева заедно со шефот на дипломатијата на Македонија Никола Димитров ќе присуствуваат на фестивалот One Love Tour (Љубовна турнеја). На настанот што е поддржан од УНЕСКО ќе бидат преставени традициите на двете земји и ќе настапат македонски и бугарски музичари.
Фестивалот One Love Tour, по Струмица, продолжува во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 7 септември, Скопје на 21 септември и во Стара Загора на 5 октомври.