ВМРО-ДПМНЕ го поддржува сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ и ги повикува граѓаните да учествуваат масовно, гласно и достоинствено и на денешниот собир закажан за 19 часот пред платото на Владата.

– Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси. Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат граѓаните да се побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажат Ултиматум – НЕ БЛАГОДАРАМ.

По доаѓањето на власт на СДСМ, предводена од Зоран Заев, која сега продолжува да владее со Димитар Ковачевски како премиер, беше урната оградата од ковано железо околу Владата, со цел да покажат „демократско владеење“ и дека не сакаат дистанца од народот. Но, набргу потоа околу Владата е поставена грда полициска ограда, а вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски довлечка и оклопни возила за да ја штити „Владата без ограда“ од сопствениот народ.

Сега е прилика „за Владата без ограда“ да се види колку е демократска и колку го слуша гласот на народот во нејзиниот двор.