Францускиот претседател Емануел Макрон (46) повторно предизвика бура во јавноста откако беа објавени видеата од неговиот страствен бакнеж со министерот за спорт Амерли Оуде-Кастер (46).
Францускиот претседател Емануел Макрон (46) повторно предизвика бура во јавноста откако беа објавени видеата од неговиот страствен бакнеж со министерот за спорт Амерли Оуде-Кастер (46) за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Министерката без проблем го прегрна претседателот бакнувајќи го додека со раката му ја држи главата. Беше многу провокативно и се чинеше дека тие двајца споделуваат нешто повеќе од само деловен однос.
Фотографијата од бакнежот привлече големо внимание, а на неа се гледа и францускиот премиер Габриел Атал кој зачудено гледа настрана, додека претседателот е во „клинч“ со министерката.
Францускиот магазин „Мадам Фигаро“ го нарече „љубопитен бакнеж“, нагласувајќи дека министерката сигурно знае како да привлече внимание и да ги натера луѓето да зборуваат за неа.
“По отворањето на Олимписките игри притисокот стивна и дојде време за еуфорија. Во експлозија од среќа министерката за спорт и претседателот се бакнаа. Овој бакнеж предизвика силни емоции”, пишува магазинот.
French media is in a frenzy after a passionate cheek-to-cheek kiss between France’s president, Emmanuel Macron, and Amélie Oudéa-Castéra, the country’s sports minister, was captured during the opening ceremony of the Olympic Games.https://t.co/JNw9m4RE5f
— The Daily Beast (@thedailybeast) July 30, 2024
На социјалните мрежи брзо стана попознат односот меѓу претседателот и министерката.
„Ова нема да ѝ се допадне на Брижит Макрон (сопругата на претседателот), „Ова е непристојно за претседателот и министерката“ и „Да живее Франција“, се само дел од коментарите.
Инаку, францускиот претседател во 2007 година се ожени со својата професорка Бриџит (71), која има три деца од првиот брак.